• недела, 24 ноември 2024

Во Јапонија за една недела околу 1.200 луѓе - жртви на жешкото време

Во Јапонија за една недела околу 1.200 луѓе - жртви на жешкото време
Токио, 9 јуни 2020 (МИА) – Во првата недела од јуни во Јапонија од сончаница настрадале 1.194 лица, од кои двајца починале, а 19 се во тешка здравствена состојба. Дури 36,8 отсто од лицата добиле сончаница во својот дом, 21 процент на улица, а 14 отсто на работното место. Во Токио денеска се измерени 31 степени Целзиусови. Експертите предупредуваат дека ако температурата на воздухот продолжи да расте очекуваат да се зголеми бројот на пациенти од сончаница. Во 2019 година од високите температури на воздухот починаа 126 луѓе, а над 70.000 биле хоспитализирани. ми/

Остани поврзан