• четврток, 19 декември 2024

Во Јапонија егзекутиран маж кој уби седум луѓе во 2008 година

Во Јапонија егзекутиран маж кој уби седум луѓе во 2008 година
Токио, 26 јули 2022 (МИА) - Во Јапонија е егзекутиран Тамохиро Като, кој во 2008 година усмрти седум, а повреди 10 луѓе во Токио. Като во 2015 година беше осуден на смрт поради што повеќемина избоде со нож. Тој злосторството го изврши на 25 години и привремено работел во фабрика за автоделови во мал град во централна Јапонија. Непосредно пред да го изврши масакрот во Токио, дознал дека договорот ќе му биде раскинат на крајот на јуни 2008 година. Като на судењето изјавил дека го извршил нападот затоа што се плашел да не стане бездомник. По масакрот на Като, јапонските власти забранија поседување ножеви подолги од 5,5 сантиметри. Егзекуцијата на Като е прво погубување од декември во Јапонија. ми/

Остани поврзан