• недела, 06 октомври 2024

Во Штип утре ќе се прска против комарци

Во Штип утре ќе се прска против комарци

Штип, 10 септември 2024 (МИА) - Општина Штип утре преку овластена фирма, на територијата на општината ќе ја спроведе петтата адултицидна (тереистичка) дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се вели дека запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 1 до 7 часот.

-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територија на општина Штип, се вели во соопштението од Општина Штип.

Во случај на неповолни временски услови (дожд,ветар и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Општина Штип ги информира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. вдј/сст/

Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан