Во Штип се санираат автобуските постојки
- Почна санацијата на автобуските постојки на територија на Општина Штип. Според директорот на ЈП „Стипион“- Штип, Игор Ефтимов, се работи на автобуските постојки бидејќи подолго време не бил
Штип, 7 март 2022 (МИА) - Почна санацијата на автобуските постојки на територија на Општина Штип. Според директорот на ЈП „Стипион“- Штип, Игор Ефтимов, се работи на автобуските постојки бидејќи подолго време не биле санирани, а се од големо значење за граѓаните.
Во дневникот на активности за изминатата недела се и реконструкција на тротоари, санација на детски игралишта и слично.
-Ниту една автобуска постојка ниту имаше некоја заштитна ограда, ниту заштита за луѓето кои чекаат таму. Продолживме со санација на некои детски игралишта, бетонираме улички во населбата „8 Ноември“. Единствен проблем со кој се соочува е тоа што поради ниските температури не работат асфалтните бази, така да сите оние ударни дупки кои се наоѓаат на коловозите во Штип, кога ќе почнат со работа асфалтните бази, дури тогаш ќе бидат асфалтирани, изјави Ефтимов.
Ефтимов додаде дека за сите проблеми и недостатци со кои се соочуваат граѓаните може да се пријават на веб страницата, со цел екипи на претпријатието да излезат на терен и проблемите и недостатоците да бидат решени. Во тек се активностите за кој временските услови дозволуваат работа на терен, а за останатите ќе се чека подобри временски прилики. вдј/цр