• вторник, 24 декември 2024

Во Штип се реализираат проекти во износ од половина милион евра

Во Штип се реализираат проекти во износ од половина милион евра

Штип, 1 април 2023 (МИА) - Во Штип во тек е реализација на капитални проекти во износ од 30 милиони денари, посочи градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, кој заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беа на увид во градежните работи за асфалтирање на три улици во населбата Дузлак.

Јорданов посочи дека сите инвестиции во општината се реализираат со пари од општинскиот буџет и дека иако е свесен дека во една буџетска година не може да се реализираат сите проекти, но дека е убеден ако се работи одговорно, чесно, транспарентно, посветено од година во година најголем дел од проектите кои што ги вети и кои што се барање на граѓаните, ќе успеат да ги реализираат.Мицкоски истакна дека штипскиот градоначалник, Јорданов има амбициозна агенда, за којашто е уверен дека ќе ја реализира.

-Разговаравме и за тоа каков тип на проекти се потребни на Штип коишто би биле инвестирани од страна на централна влада, бидејќи како што знаете оваа централна влада со сите сили се труди да го спречи развојот на Штип, бидејќи онаа општинска обврзница којашто беше наменета за два клучни инфраструктурни проекта во Штип, за жал одлучија од Владата на крајот на минатата календарска година да ја тргнат од владина седница и да не помине, иако таа ги помина претходно сите филтри и во Министерството за финансии и на Македонската Берза при Комисијата за хартија од вредност и така натаму, вели Мицкоски.

Јорданов и Мицкоски денеска беа на увид во градежните работи во неколку населби во Штип. вдј/мс/

Фото: МИА  

Остани поврзан