• среда, 25 декември 2024

Во Штип промовирана монографијата „Сергеј Михајлов живот и дело“

Во Штип промовирана монографијата „Сергеј Михајлов живот и дело“

Штип, 7 март 2024 (МИА) - На Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска беше промовирана монографијата „Сергеј Михајлов живот и дело“ на проф. д-р Наташа Диденко, а промотори беа проф.д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и академик Драги Ѓоргиев.

Плодното музичко творештво на Михајлов, неговиот живот, тестаментите и низа други моменти од животот на Михајлов се на едно место во монографијата која денеска беше промовирана пред штипјани. Авторката, Диденко вели дека станува збори за материјали кои досега не биле објавени, а желбата да работи токму за Сергеј Михајлов, кој е режисер на првата изведена опера во земјава „Палјачи“, во 1925 година во Штип се појавува благодарение на неговата плодна музичка кариера и она што го остава за основците и средношколците.

-Монографијата е заснована на досега необјавени архивски материјали, во кои посебен интерес претставува плодното музичко творештво на Сергеј Михајлов, исто така самите тестаменти кои за жал се откриени 39 години по неговата смрт и не ја задржале својата вистинска вредност. За него досега е парцијално пишувано во однос на неговата дејност за поставувањето на првата опера, вели Диденко.

Академик, Драги Ѓоргиев вели дека Штип е најдобрата опција за промоција на ова дело. Посочува дека штипјани треба да бидат горди на оваа монографија.

-Тој е еден од онаа плејада на руски бегалци кои својот дом го наоѓаат на овие простори и Штип треба да биде горд, вели Ѓоргиев.

Во монографијата за првпат се изложени лични податоци, а сведоштвата се и дел од ученици на Сергеј Михајлов. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан