• сабота, 23 ноември 2024

Во Штип приведени две лица за издржување на затворски казни

Во Штип приведени две лица за издржување на затворски казни

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип, вчера привеле двајца штипјани за издржување на затворски казни.

-Вчера во 12.15 часот на ул.„Железничка“ во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле М.П.(40) од Штип, а во 13.00 часот на ул.„Ваташка“ во Штип го привеле и Б.Д.(64) од Штип. М.П. бил баран со писмена наредба од  Основен суд Штип за издржување на затворска казна од една година, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Б.Д., пак, бил  баран со судска наредба за издржување казна затвор по член 235-а за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, се наведува во соопштението од МВР.

М.П. и Б.Д., како што информираат од МВР, биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан