• недела, 28 јули 2024

Во Штип почнаа обуките за попишувачите

Во Штип почнаа обуките за попишувачите
Штип, 29 Март 2021 (МИА) - Почнаа обуките за попишувачите за Општините Штип и Карбинци. Во наредните три дена во зградата на Општина Штип и во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, ќе се реализираат обуките.
Претседателката на Пописната комисија за реон 16 за Штип и Карбинци, Соња Китанова, вели дека 129 попишувачи обуките ќе ги следат во две групи и се реализираат согласно здравствените протоколи.
- На попишувачите им е понудено да се имузнизираат и во текот на денешниот ден треба да ги добиеме одговорите. Имунизацијата против Ковид-19 е на доброволна база. Во текот на вчерашниот ден ги подигнаа лаптопите, рече Китанова.
Попишувачите имаат на располагање 142 лаптопи, заштитни маски и опрема. Во моментов ниту еден од попишувачите не се откажал, ниту пак пријавил дека е заразен со коронавирусот. вдј/ар/

Остани поврзан