• четврток, 26 декември 2024

Во Штип одржана традиционалната манифестација „Шарено Велигденско јајце“

Во Штип одржана традиционалната манифестација „Шарено Велигденско јајце“

Штип, 21 април 2022 (МИА) - Во изложбениот салон „Галерија `22" во Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип денеска се одржа 10 годишен јубилеј од организирање на манифестацијата „Шарено Велигденско јајце“.

Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков вели дека на изложбата се пристигнати и изложени 15 шарени велигденки јајца.

-Комисијата составена од Трајче Кацаров – вработен во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, Иван Бојаџиски – новинар и Бети Иванова - кустос етнолог, вработена во НУ Завод за заштита на споменици на културата и музеј Штип, ги разгледа пристигнатите шарени велигденски јајца и одлучи подеднакво да награди три најубаво украсени велигденски јајца кои ќе добијат парична награда во висина од 10 000 денари во бруто износ, вели Трајков.

Комисијата одлучи подеднакво да награди три учесници на изложбата Димитриј Коцев, Ристе Мицевски и Маја Крстевска Коларова.вдј/свс

Остани поврзан