• четврток, 26 декември 2024

Во Штип одбележан Денот на учителот

Во Штип одбележан Денот на учителот
Штип, 5 октомври 2021 (МИА) - Општина Штип денеска го одбележа Денот на учителот. Раководителот на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР, Билјана Казаннџиска на петте основни и на општинските средни училишта им врачи плакети  во знак на вреднување на трудот на сите наставници и професори, истакнувајќи ја нивната клучна улога во образовниот процес. Казанџиска истакна дека зад секој голем човек стои голем учител, а ова како што вели е само еден од исказите, со кои се потврдува големината на учителот, во развојот на личноста,  децата, едукацијата на учениците и  надградбата на студентите. -Од оваа позиција сакам да истакнам дека како општина заедно со директорите на училиштата во општина Штип имаме направено големи инвестирања во самите училишни објекти, училишни комплекси, дворови и спортски сали. Посебно, водевме сметка за набавка на современи нагледни средства во училниците со кои наставниците и професорите директно работат и што им се неопходни при успешната реализација на образовниот процес, рече Казнаџиска. Посочи дека во изминатиов период и наставниот кадар мораше да се адаптира на новата нормалност, заклучувајќи дека „онлајн“ наставата преку соодветните платформи беше нов предизвик за сите. -Но, и покрај сè, наставниците успешно се справија. Денес со почитување на протоколите за заштита сите се во своите училници, покрај своите ученици и за разлика од лани, годинава заедно со своите ученици го одбележуваат Денот на учителот, истакна Казанџиска. вдј/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан