Во Штип одбележан Денот на независноста
- Со положување цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија, со свечени говори, музички настапи во штипската населба Македонка се одбележа 8 Септември – Денот на независноста.
Штип, 8 септември 2025 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија, со свечени говори, музички настапи во штипската населба Македонка се одбележа 8 Септември – Денот на независноста.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов порача дека наша обврска е да го продолжиме долговековниот сон – да ја чуваме и развиваме Македонија.

-Денес заеднички го одбележуваме денот кога пред 34 години граѓаните на нашата земја ја избраа самостојноста со јасна определба и обединетост, впишувајќи ја Македонија на мапата на светот како суверена и независна држава. Овој историски датум не е само момент на сеќавање туку симбол на исполнетата вековна борба за сопствена држава – слободна, праведна и демократска. Ова е ден кога ја славиме зрелоста на народот, неговата решителност и визијата за иднината, рече Јорданов.

Свои обраќања имаа претставници на Здруженија на децата бегалци од Егејска Македонија, како и од ОМО Илинден во Бугарија.
Стојан Димков од Здружението „Мирка Гинова“, кое секоја година го организира настанот, порача младите да не ја напуштат државата, бидејќи подобро е да се живее во сопствената земја, отколку во туѓина. вдј/фф/
Фото: МИА