• недела, 24 ноември 2024

Во Штип одбележан денот на крводарителството и на Црвениот Крст

Во Штип одбележан денот на крводарителството и на Црвениот Крст

Штип, 20 март 2024 (МИА) - Со рекордна бројка на крводарувања во 2023 година, во Штип денеска се одбележа денот на Црвениот Крст и на крводарителството. 

Началникот на трансфузиона медицина, Мери Шорова, истакна дека лани е забележена рекордна бројка на крводарување. Таа им се заблагодари на хуманоста на крводарителите.  

- Нашиот град навистина може да се пофали со бројот на крводарувања кој изнесува 4 800 крводарители во изминатата година. Би сакала да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на овие наши херои, но би сакала да упатам еден апел на 22 Март, на првата заедничка крводарителска акција со Општина Штип, со Црвениот Крст Штип, масовно да излеземе и да даруваме овој ден, изјави Шорова

Градоначникот на Општина Штип, Иван Јорданов, посочи дека во наредниот период почесто ќе се организираат крводарителски акции, со цел да се спаси нечиј човечки животи.

- Дефинитивно имаме заедничка соработка. Си поставивме цел пред нас во наредниот период да се организираат крводарителски активности да ги мотивираме нашите сограѓани кои што е потребно да даруваат крв и да спасат нечиј човечки живот. Во име на тоа сакам да се заблагодарам на луѓето кои денес беа присутни во Општина Штип имаа свои јубилеј по дарување на крв, вели Јорданов

Викторија Милановска-Патраклиева од Црвен Крст-Штип  вели дека со секое крводарување се спасуваат од три до четири човечки животи.

- Денес имаме 75 кратни крводарители, 50 крводарители, 25 тоа се нормално само заокружување на јубилеј. Инаку, многу побројни се повеќекратните крводарители, во статистика на градот Штип. Она што е за одбележување е дека крводарителската, односно хуманата статистика секоја година бележи нагорни резултати, годинава имаме 182 проценти реализирање на годишниот план. Што значи дека тоа е успешна бројка, вели Милановска – Патраклиева. вдј/ар/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан