• четврток, 19 декември 2024

Во Штип одбележани 80 години од смртта на Викторија Поп Јорданова

Во Штип одбележани 80 години од смртта на Викторија  Поп Јорданова

Штип, 6 ноември 2023 (МИА) - Делегации на локалната и централната власт, институции и политички партии денеска со положување свежо цвеќе ја одбележаа  80-годишнината од смртта на Викторија Поп Јорданова.

На спомен бистата кај Основниот Суд во Штип преставници од Локалната самоуправа, делегации, пријатели оддадоа почит за смртта на Вита која својот живот го положила на Скопска Црна Гора во мисија за ослободување на македонскиот народ.

-Го одбележуваме денот кога таа на планината Шара падна погодена од куршум, падна таа но кај нас остана духот на борецот и револуционерот за слободна Македонија. Загина во Скопска Црна Гора минувајќи ги највисоките стрмни врвови на Шара извршувајќи ја наредната на штабот на НОБ, истакна Петар Мицевски претседател на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци-Штип. 

Посочи дека во 1941 доаѓа во Штип со нејзиното семејство и веднаш се вклучува во Народно ослободителната борба и се покажува како одличен борец и револуционер. Со своето однесување станува пример во градот и личноста која е следена за се што прави. вдј/љм/

Фото: МИА

Остани поврзан