• недела, 05 април 2026

Во Штип за прв пат „Лазарева поворка“

Во Штип за прв пат „Лазарева поворка“

Штип, 4 април 2026 (МИА) - Во Штип денеска за прв пат се организираше „Лазарева поворка“. Девојчињата со песна тргнаа од  од црквата „Свети Климент и Света Петка“ и со песна поворката ја завршија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

-Со радост ја организираме и реализираме Лазаревата поворка оваа година и во Штип. За прв пат ја организираме оваа поворка во Штип, со тоа што денес тргнавме од населбата Сењак од црквата Св. Климент и Св. Петка, така што еве сега тргнавме и во црквата Св. Никола во Штип. Исто така сакаме да истакнеме дека оваа Лазарева Поворка оваа година се одржува во неколку градови во Македонија, целта е да го најавиме воскресението Христово преку тоа што ќе пееме за Лазаревото воскресение-рече Милена Ристовска Михајловска организатор на Лазарева поворка во Штип.

Таа истакна дека поворките оваа година ќе се одржат во повеќе градови во Македониија со цел да се најави воскресението Христово преку пеењето за Лазаревото воскреснувања. Со песна и молитва, учесниците испратија силна порака за вера, надеж и заедништво. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан