• недела, 01 септември 2024

Во Штип гореа покрив и таван на куќа

Во Штип гореа покрив и таван на куќа

Штип, 12 февруари 2023 (МИА) - Изгореа покривна конструкција и тавански дел на куќа во штипската населба Сењак. Штипските пожарникари сè уште се на терен и го догаснуваат огнот. Заменик-командирот на ТППЕ-Штип, Богданчо Зарков, вели дека дојавата за пожарот била околу 15 часот.

- Интервениравме со четири возила и 12 пожарникари, а имаше и допун на вода. Гледаме дека сè уште се гасне пожарот. Да моментално го догасуваме покривот, со тоа што нема човечки жртви, но има материјална штета, којашто е  малку поголема. Човечките ресурси се во ред, нема повредени, вели Зарков.

Пристигна и брза помош на самото место, бидејќи при гаснењето на пожарот се повредил пожарникар, но како што вели Зарков, пожарникарот е со полесни повреди, по што тимот на брзата помош си замина. Како настанал пожарот ќе се утврди по извршениот увид од страна на полицијата, која беше на самото место.

- Првичните информации сè уште ги немаме, тоа ќе го кажат надлежните за таа работа, вели Зарков.

Штипските пожарники во рок од два дена интервенираа на два поголеми пожара, пред два дена имаа интервенција на штала во село Лакавица, а во опасност била и куќа. вдј/лв/

Остани поврзан