Во штипско Ново Село улиците се реконструираат во автентичен стил
- Дел од улиците во штипско Ново Село веќе се поплочуваат во автентичен стил, а во тек е тендерот за да се поплочат и краци од останати улици.
Штип, 26 февруари 2024 (МИА) - Дел од улиците во штипско Ново Село веќе се поплочуваат во автентичен стил, а во тек е тендерот за да се поплочат и краци од останати улици. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека ова е проект со кој се предвидува Ново Село да биде уредено во автентичен стил.
- Во тек е тендерската постапка и за другите краци од улици кои се во Ново Село, „Никола Карев“, „Сане Малинов“, дел од улицата „Никола Карев“ се опфатени со поплочување во автентичен стил. Паралелно ќе се работи и на овие краци од улици. Со тоа практично Ново Село ќе добие една целина, вели Јорданов.
Улицата „Крсте Мисирков“ претходно беше со коцка, а поплочувањето започна кон средината на претходната година. За ова беа одвоени нешто повеќе од шест милиони денари. Јорданов најави дека ќе се реконструира и една куќа во Ново Село во автентичен стил, истата ќе се користи и како сместувачки капацитет за потребите на општината со што ќе се подобри и туристичкиот капацитет. Освен ова ќе се реконструира бањата Кежовица, изворот Л’џи, а ќе се фасадираат и неколку останати куќи.
- Овој проект ги опфаќа една куќа која треба да се реконструира во автентичен стил, да биде како сместувачки капацитет за потребите на општината, но и за подобрување на туристичкиот капацитет, затоа што со овој проект е опфатено реконструкција на бањата Кежовица, на изворот Л’џи. Со ова се предвидува да се заокружи процесот на реставрација на Ново Село, на реконструкција на постоечки улици. Предвидуваме задржување на автентичниот стил на изглед на куќите во Ново Село, рече Јорданов. вдј/ир
Фото: МИА