• вторник, 19 ноември 2024

Во штипскиот регион на планината Серта гори ридот „Штракалево“, пожарникарите вечерва ќе дежураат

Во штипскиот регион на планината Серта гори ридот „Штракалево“, пожарникарите вечерва ќе дежураат

Штип, 14 јули 2024 (МИА) - Пожарот на планината Серта во штипскиот дел е се уште ативен, вели вечерва за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов кој во моментов со екипа на пожарникари се враќа од неготинскиот дел на планината.

Тој вели дека според она што во моментов го гледаат на терен зафатен е  големиот рид „Штракалево“. Појаснува дека станува збор за подрачје кое е меѓу штипското село Драгоево и воениот полигон Криволак.

Ридот каде што во моментов е огнената стихија во штипскиот регион е одалечен од селото Драгоево.

Но, како што вели Ренџов вечерва остануваат дежурни на ова подрачје, со цел да не излезе од контрола огнот. вдј/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан