• недела, 24 ноември 2024

Во штипскиот ковид центар слободни 32 кревети

Во штипскиот ковид центар слободни 32 кревети
Штип, 11 јануари 2021 (МИА) - Во штипскиот ковид центар, по неколку месеци е намален бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови. Слободни кревети има за 32 пациенти. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, вели дека на Инфективното одделение имат 36 пациенти, а на Одделот за анестезиологија имаат тројца пациенти. Оздравени се пет и примени четворица нови пациенти. Над половина од пациентите се на кислородна поддршка и тоа говори дека нивната здравствена состојба е тешка. Битката со коронавирусот ја загуби 72-годишна жена од Пробиштип. Деновиве, во здравствените билтени, општините од источниот регион се со намалени бројки на новозаразени, а инфектолозите се надеваат дека граѓаните ги почитувале мерките и по неколку дена нема да имаат наплив на пациенти.вдј/ар/

Остани поврзан