• петок, 27 декември 2024

Во штипскиот ковид-центар слободни само пет болнички кревети

Во штипскиот ковид-центар слободни само пет болнички кревети
Штип, 11 ноември 2021 (МИА) - Се зголемува притисокот за болничко сместување во штипскиот ковид-центар. На Инфективното и Кожното одделение има само пет слободни места, а пополнети се вкупно 65 болнички кревети. Инфектолозите велат дека на Инфективното се хоспитализирани вкупно 56 пациенти, на 46 им е потребна постојана кислородна поддршка. Само во текот на вчерашниот ден се примени шест нови пациенти. Во здравствениот билтен нема регистрирано пациент, која ја изгубил битката со вирусот. Инфектолизите алармираат дека во овој бран на делта сојот карактеристично е и што расте бројот на млади пациенти, кои не се вакцинирани, а се примаат во тешка здравствена состојба. Во Брегалничкиот регион бројот на активни случаи изнесува над 800, а од единаесетте општини, Штип е на првото место со 261, на второто место е Кочани со 232 лица позитивни на коронавирусот. вдј/ки/

Остани поврзан