• четврток, 26 декември 2024

Во штипскиот Ковид-центар зголемена потрошувачката на кислород

Во штипскиот Ковид-центар зголемена потрошувачката на кислород
Штип, 4 Април 2021 (МИА) - Во штипскиот Ковид-центар секојдневно се зголемува потрошувачката на кислород. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека деновиве, дневно се трошат и над 800 литри медицински кислород, а во новата модуларна болница 44 тешки пациенти се зависни од постојана кислородна подрршка. Доколку со оваа динамика се трошио кислород се очекува за еден месец да се потрошат 25 тони. Според Ѓеорѓијев ова говори во каква состојба доаѓаат пациентите и каков е медицинскиот третман. -Немаме проблем со тоа дали ќе имаме кислород, за пациентите мора да има. Доколку количните почнуваат да се намалуваат веднаш ќе се набават нови количини, вели Ѓеорѓијев. Во моментов во штипскиот Ковид-центар се лекуваат 89 пациенти, од кои 44 во модуларната и 45 на Инфективно одделение. Според извештајот на здарвствените работници на Инфективно одделение имаат слободни уште 18 болнички кревети. На ова одделение доколку има притисок од страна на пациенти за болнички третман наредните денови ќе се прилагоди и за нивен прием. Според здравствениот билтен добра вест е што  на штипскиот Ковид-центар во изминатите 24 часа нема починато пациент. вдј/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан