• сабота, 23 ноември 2024

Во штипскиот дел на Серта сите сили насочени на гаснење на пожарот меѓу селата Селце и Пухче

Во штипскиот дел на Серта сите сили насочени на гаснење на пожарот меѓу селата Селце и Пухче

Штип, 22 јули 2024 (МИА) - Активен е пожарот меѓу штипските села Пухче и Селце, гори шума на овој потег, а денеска во правец кон селото Селце, информира за МИА, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочува дека сите сили кои се вклучени во гаснење на пожарите се на овој потег на планината Серта, кои се борат со огнените јазици. Проценките колку шума изгоре на планината Серта ќе се прават дополнително.

Јорданов истакна дека со механизација се направени обрачи кои треба да ги спречат пламените јазици за да се префрлат на другата страна, а утринава на оваа локација е дејствувано и од воздух. Во моментот таму има само локални пожарникари. Се уште сериозна е ситуација и на точката позади армиското стрелиште Пенуш. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан