• недела, 24 ноември 2024

Во штипската приградска населба Стар Караорман се асфалтираат три улици

Во штипската приградска населба Стар Караорман се асфалтираат три улици

Штип, 5 ноември 2021 (МИА) - Почнаа да се асфалтираат три улици во штипската приградска населба Стар Караорман. Должината на улиците кои се асфалтираат е над половина километар, а нивната вредност е 2.400.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

- На овој начин ја подобруваме постоечката инфраструктура и нема да застанеме овде.Сите улици кои што се во кал и прашина најавуваме дека со почетокот на наредната градежна сезона ќе започнеме проект „Штип без кал“ се со цел поголем дел од населбите во кои што има улици со кал и прашина да ги реконструираме и ги обезбедиме со асфалтна површина, истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска изврши увид во градежните работи.

Тој најави дека во наредните денови продолжуваат со асфалтирање на улици во другите населби во градот, сѐ додека дозволуваат временските услови, а се завршува асфалтирањето на улиците „Личка“, потоа улиците во населбата Суитлак, како и во населбата „Осми Ноември“.вдј/фф/

Остани поврзан