• понеделник, 29 јули 2024

Во штипската населба Македонка се асфалтира улица

Во штипската населба Македонка се асфалтира улица
Штип, 12 мај 2022 (МИА) - После неколку децении во штипската населба Македонка ќе се асфалтира улица. Денеска се правеа последните подготовки, на кои увид изврши и градоначалникот Иван Јорданов. Претходно поставената коцка е отстранета, со што улицата ќе добие нов асфалт. -Овде започнуваме со припреми за асфалтирање на улицата. Денес се вадеше дотраената коцка која е овде отакако е направена практично населбата, веднаш потоа ќе се пристапи на нанесување на тампон и во наредните денови ќе се постави асфалтна маса, вели Јорданов. Тој потсети дека претходно во оваа населба се работеше на реконструкција на водоводната мрежа. - Во изминатите неколку недели овде  првично се изврши промена на водоводната линија со што се инвестираа некаде околу два милиони денари под земја. Се зафативме во овој дел од градот темелно да ги завршуваме проблемите, додаде Јорданов. Градоначалникот Јорданов побара трпение од страна на граѓаните додека да се завршат активностите во населбата, бидејќи целта на локалната власт е целосно и темелно улиците да бидат реконстуриани со нова водоводна мрежа и да траат со години. вдј/цр

Остани поврзан