• сабота, 28 декември 2024

Во Швајцарија регистриран индискиот сој на Ковид-19

Во Швајцарија регистриран индискиот сој на Ковид-19
Женева, 24 април 2021 (МИА) - Во Швајцарија е регистриран првиот случај на индискиот сој на коронавирусот, соопштија здравствените власти. Индискиот сој на Ковид-19 е регистриран кај лице кое транзитирало на еден од швајцарските аеродроми. Поради индиската мутација на коронавирусот, Германија воведе рестрикции за патувања од Индија, а слични мерки воведоа и ВЕлика Британија, Канада и Кувајт. Во Индија трет ден по ред се пријавуваат рекордни бројки на новозаразени лица. Во изминатите 24 часа регистрирани се 346.786 нови случаи и 2.624 смртни сличаи, а болниците покрај тоа што се преоптоварени се соочуваат и со недостиг на кислород. ми/

Остани поврзан