• среда, 18 декември 2024

Во Чиле протест против договор за ископ на литиум

Во Чиле протест против договор за ископ на литиум

Сантијаго, 10 јануари 2024 (МИА) – Неколку стотици луѓе во северниот дел на Чиле денеска во знак на протест го блокираа пристапот до најголемото наоѓалиште на литиум во светот, каде домашниот производител СКМ и американската компанија Албемарле го експлоатираат тој метал.

Демонстрациите, предводени од локални групи староседелци организирани по договорот меѓу СКМ и државната компанија Копер, Коделко кој беше потпишан минатиот месец, влијаеја на работењето на СКМ, рече извор запознаен со ситуацијата.

Протестот претставува сериозен предизвик за планот на Чиле, вториот по големина светски производител на литиум, да наметне поголема државна контрола врз металот потребен за батериите што се користат за напојување на растечката светска флота на електрични возила. јт/

Фото: СКМ

Остани поврзан