Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
- Чешката полиција разби криминална банда која од Берлин шверцувала кокаин, скриен во торти, во Прага. При тоа приведени се седум странски и еден чешки државјанин
Прага, 11 февруари 2026 (МИА) – Чешката полиција разби криминална банда која од Берлин шверцувала кокаин, скриен во торти, во Прага. При тоа приведени се седум странски и еден чешки државјанин.
Портпаролката на чешката полиција соопшти дека на тој начин биле прошверцувани над 30 килограми кокаин од Германија во Чешка. Секоја торта содржела еден килограм дрога.
Тортите биле транспортирани со автобус.
Полицијата не ја наведе националноста на приведените странски државјани. ми/
фото: Чешка полиција