• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во чест на младиот музичар Ѓоргиев струмичката гимназија засади дрвце во дворот и организираше евоцирање на спомени

Во чест на младиот музичар Ѓоргиев струмичката гимназија засади дрвце во дворот и организираше евоцирање на спомени

Струмица, 21 март 2025 (МИА) - Со засадување дрвце во дворот и перформанс со евоцирање спомени струмичката гимназија „Јане Сандански“ денеска го одбележа загинувањето на младиот музичар Џоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, во дискотеката во Кочани, а кој средно образование завршил во ова училиште.

На засадувањето дрвце во гимназијата присутвуваа членовите на семејството на Ѓоргиев, ученици, професори и колеги на младиот тапанар.

На настанот насловен како „Спомени за нашиот Џоче“, зборуваа директорката на Гимназијата Невенка Стојанова, класниот раководител Јосе Печков и неговиот ментор по музика, професорот Денис Кирчанов.

Во емотивното обреаќање директорката Стојанова истакна дека уште при првата средба во училиштето го увидела неговиот голем музички талент.

-Јас на него му раскажував за мојата виолина, а тој мене за неговиот тапан. Си кажувавме каква музика слушаме и кои песни би биле најдобри за наредниот концерт. Се редеа концерти-„Евровизија“, „Времеплов“, „Диско“, „Деценија“, а тој од голобрадо момче порасна во сериозен музичар и столб на сите настани во училиштето, истакна Стојанова.

За заедничката работа со Ѓоргиев се присетија неговите соученици од училишниот орекестар, но и и пејачите Александра Јанева и Јовче Пандев. рт/сст/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан