• четврток, 26 декември 2024

Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено

Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи имало вкупно 1.748 повици. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,30 проценти, а имало 60,70 отсто други повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, соопштија од Центарот за управување со кризи.

- Со решавањето, координирањето, на овие повици преку ЦУК, се растоваруваат од такви повици институциите и службите коишто се за итно интервенирање. Како, на пример, кога се јавува болен граѓанин што може да добие совет од службата „Ало докторе“, па не се држи зафатена една линијата на Итната медицинска помош (ИМП) со случај што не е за итна медицинска интервенција, појаснуваат од ЦУК.

Кон полицијата биле упатени 51,12 отсто од повиците, кон ИМП 42,13 проценти, а кон пожарникарите - 3,37 проценти.

- ЦУК ги решава, односно ги координира итните случаи, чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби, се додава во соопштението.

Од регионалниот ЦУК Велес, информираат дека Територијалната противпожарна единица вчера во период од 14 до 14:40 часот со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во селото Дурутовец кон село Чолошево.

- Секако, паралелно со ваквите интервенции на пожари на отворено, пожарникарите интервенирале на други пожари во населените места, согласно пријавите за пожар, пишува во соопштението. бд/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан