• вторник, 12 ноември 2024

Во Црвено Море тоне товарен брод откако бил погоден со ракета

Во Црвено Море тоне товарен брод откако бил погоден со ракета

Дубаи, 28 мај 2024 (МИА) - Приватната компанија за обезбедување на бродови „Амбреи“ (Ambrey) соопшти дека товарниот брод „Лакс“ (Laax) откако бил погоден со ракета во Црвено Море во близина на брегот на Јемен и почнал да тоне.

Бродот долг 230 метри со носивост од 43.000 тони пловел под знаме на Маршалски Острови, а крајна дестинација му била Фуџаири, Обединети Арапски Емирати. „Лакс“ е нападнат во близина на јеменскиот пристаништен град Ходеида и теснецот Баб ел-Мандеб кој го поврзува југот на Црвено Море со Аденски Залив.

Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот, но осомничени се јеменските бунтовници Хути, кои во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа од ноември досега нападнале повеќе од 50 бродови. Поради нападите на Хутите намалена е пловидбата нив Црвено Море и Аденски Залив. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан