• среда, 27 ноември 2024

Во Центар Жупа прифатени 29 од 32 барања за гласање од болни и немоќни лица

Во Центар Жупа прифатени 29 од 32 барања за гласање од болни и немоќни лица
Дебар, 13 август 2022 (МИА) - Во општина Центар Жупа во петок, 19 август, своето право на глас треба да го остварат 29 болни и немоќни лица, од пријавените 32. -До предвидениот рок, синоќа на полноќ, до комисијата беа доставени 32 барање, но по разгледувањето три од нив не беа прифатени, бидејќи, при проверка во системот, лицата не беа запишани во единствениот избрачки список. Тоа значи дека ден пред саботниот изборен ден ќе гласаат 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија во Центар Жупа. Во сабота, 20 август, во оваа општина ќе се одржат вторпат повторени избори за градоначалник поради необезбеден цензус од 33,33 отсто од вкупно запишаните, на повторените избори на 17 април и на редовните локални избори на 17 окотмври минатата годна. -Во сабота кога се гласа за градоначалник, правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, а за да се избере градоначалник треба гласат 2.385 лица од вкупно запишанитшто. Ќе се гласа, како и до сега, на 16 избирачки места, додаде Илјаз. На гласачкото ливче има само еден кандидат, а тоа е Аријан Ибраим од Турската демократска партија, кој довербата ја бара третпат. Тој за градоначалник беше избран на изборите во 2013 и 2017 година. вт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан