• вторник, 20 јануари 2026

Во Центар Жупа и понатаму излезноста пониска од октомври

Во Центар Жупа и понатаму излезноста пониска од октомври

Дебар, 11 јануари 2026 (МИА) - Во општина Центар Жупа излезноста на денешните повторени избори за градоначалник и натаму е пониска споредено со изборите во октомври.

-Во нашата општина до 17 часот на гласање излегоа 934 гласачи или 12,35 отсто од вкупно запишаните, 7562, што е за 6,79 отсто помалку споредено со минатите локални избори. Изборниот процес тече без проблеми, се надеваме дека така ќе биде до крајот, изјави за МИА Неџип Илјаз, претседател на ОИК -Центар Жупа.

На изборите во октомври гласале 1446 лица или 19,14 отсто од вкупното гласачко тело. Во оваа општина на  изборите во 2021 година до 17 часот  правото на глас го искористиле 1.691 додека во 2017 година 2.152 лица, што е потврда за континуираната депопулација на населението, кое според последниот попис изнесува 3720 жители.

Во оваа општина се гласа на 16 избирачки места, 15 беа отворени во 7 часот освен она во село Долгаш, каде гласањето почна половина час подоцна, поради временските услови. вт/сст/
Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан