• вторник, 26 ноември 2024

Во Хрватска од 1 март се зголемуваат надоместоците за породилно отсуство

Во Хрватска од 1 март се зголемуваат надоместоците за породилно отсуство

Загреб, 21 ноември 2024 (МИА)  -  Хрватската Влада претстави нови демографски мерки, од 1 март идната година се зголемува надоместокот за вторите шест месеци породолно отсуство.
Наместо досегашните 995 евра, родителот ќе може да го прими и целиот износ на плата во тој период доколку е до 3.000 евра.

Додатокот за новороденче ќе биде двојно поголем: наместо 309, родителите ќе добиваат 618 евра.

„Ќе ја промениме законската регулатива, се ќе стапи на сила од 1 март 2025. Сакаме да испратиме порака дека сме фокусирани на безбедноста на семејството, олеснувајќи го товарот на мајките. Ако досега беа шест месеци целосна плата, другите шест месеци до лимитот, ова сега е драстична промена и веќе не се шест месеци, туку до цела година од животот на детето. Има повеќе од 46 илјади корисници, мајки и татковци, а проценката е дека со новата мерка ќе има речиси 57 илјади корисници. Ова е голем чекор напред, изјави за РТЛ, хрватскиот министер за демографија Иван Шипиќ. 

Тој додаде дека таа мерка заедно со двојниот надоместок за новороденче ќе ја чини државата речиси 90 милиони евра.

„Дај боже да стигнеме до 100 милиони евра. Парите нема да бидат проблем, свесни сме колку е важно да сфатиме дека стигнавме до црвената линија. Податоците од првите девет месеци се катастрофални, трендовите треба да се сменат“. зш/

Остани поврзан