• среда, 25 декември 2024

Во Хемиското училиште во Велес собрани 17 крвни единици

Во Хемиското училиште во Велес собрани 17 крвни единици

Велес, 5 март 2024 (МИА) - Во акција за доброволно дарување крв во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес денеска беа собрани 17 крвни единици. Во акцијата 12 ученици првпат дарувале крв.

Во акцијата, во организација на Општинската Организација на Црвен крст Велес во соработка со медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, се вклучил и дарувал крв и  градоначалникот Марко Колев.

Како што оценуваат од ООЦК Велес, акцијата е успешна и се должи на хуманоста на учениците од оваа училиште кои се меѓу најхуманите средношколци и редовно се вклучуваат  во сите акции за доброволно дарување.

Инаку од ООЦК Велес, за 12, март најавуваат акција за дарување на крв и меѓу средношколците од Гимназијата „Кочо Рацин“. ад/цр

Фото: МИА

Остани поврзан