• сабота, 23 ноември 2024

Во Франција 108 починати и 18.605 хоспитализирани пациенти од Ковид-19 за 24 часа

Во Франција 108 починати и 18.605 хоспитализирани пациенти од Ковид-19 за 24 часа

Париз, 11 јули 2022 (МИА) - Епидемијата на Ковид-19 се враќа во Франција веќе неколку недели, така што денеска се регистрирани 108 смртни случаи од вирусот, според најновите податоци на Јавното здравство во Франција.

Во моментов се хоспитализирани 18.605 пациенти, од кои 176 се во критична состојба. Бројот на откриени нови случаи ќе биде соопштен подоцна во вечерните часови, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова е во моментот кога Европската унија препорача втора засилена вакцина против Ковид-19 на сите лица постари од 60 години, наместо 80 години досега, соочени со огромниот летен „бран“ што во Европа. Препораката важи и за сите ранливи лица, велат од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови (ЕМА) во заедничкото соопштение.

„Ги повикуваме земјите-членки веднаш да понудат втори засилувачи на сите постари од 60 години и ранливите луѓе, и ги повикуваме сите подобни луѓе да се пријават за вакцинација“, изјави Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес.

Во април, двете здравствени агенции на ЕУ веќе го препорачаа овој втор засилувач - во повеќето случаи четврта доза - за постарите од 80 години, но сигнализираа дека може да следи проширување за лица над 60 години.

„Европа се соочува со зголемување на случаите со Ковид, но и со нагорен тренд на бројот на хоспитализации или итни приеми во неколку земји, главно поради подваријантата БA.5 на Омикрон, која е позаразна“, истакна директорот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Андреа Амон.

Претседателот на Научниот совет Жан-Франсоа Делфраиси, кој предвидува врв на седмиот бран за идната недела, рече дека здравствениот систем на Франција „ќе издржи“ ова лето против варијантата БА.5.

Тој потсети дека подваријантата Омикрон, БА.5, е „многу пренослива“, но „не е потешка“. Според него, „моментално сме на околу 1.100 или 1.200 класични хоспитализации дневно“.

„Во март стигнавме до 1.800, а во јануари околу 2.800, 3.000 па ќе стигнеме до 1.800, можеби и малку да ги надминеме. Имаме болнички систем кој е уморен, ќе имаме многу движења на населението, вирусот ќе продолжи да циркулира, а понудата за нега ќе биде слаба затоа што ќе има одмори за болничкиот персоналот“, рече Франсоа Делфраиси.

Велосипедистите на Тур де Франс го поминаа тестот за Ковид кој даде негативен резултат за целиот пелотон, објави денеска Меѓународната велосипедска унија (УЦИ). Тестовите беа извршени во неделата навечер пред веслосипедистите да имаат ден за одмор во Горна Савоја.

Тројца тркачи мораа да ја напуштат трката од стартот во Данска, откако беа позитивни на тестот за Ковид. Французинот Џефри Бушар (АГ2Р Цитроен) и норвежанецот Вегард Стаке Лаенген (ОАЕ) соиграч на словенечката жолта маичка Тадеј Погачар, замина во саботата наутро пред почетокот на 8-та етапа.

„Сите возачи кои учествуваа на Тур де Франс беа тестирани вечерта на 10 јули. Сите тестови беа негативни“, соопшти утрово УЦИ. тг/паг/

Остани поврзан