• четврток, 19 декември 2024

Во Франција уапсен маж кој за еден месец 27.000 пати се јавил во полиција

Во Франција уапсен маж кој за еден месец 27.000 пати се јавил во полиција
Париз, 21 мај 2021 (МИА) - Француската полиција приведе 47-годишен маж во Лион поради вознемирување откако за еден месец 27.000 пати се јавил на телефон во полициски и жандармериски станици. Приведениот, чиј идентитет не се открива, од 7 април до 18 мај се јавувал во полиција и во жандармерија и ако се јавеле жени, зборувал за секс. Вкупно 34 лица се жртви на неговото вознемирување. Тој е уапсен во средата во хотел на периферијата на Лион, а по психијатриско вештачење одреден му е притвор и треба да биде испрашан пред истражен судија. ми/

Остани поврзан