• петок, 27 декември 2024

Во Франција откриена мрежа на фалсификатори на документи од ЕУ

Во Франција откриена мрежа на фалсификатори на документи од ЕУ
Хаг, 18 јуни 2020 (МИА) - Француската полиција, во соработка со Европол, откри голема криминална мрежа која фалсификувала документи на неколку земји членки на Европската унија, и ги дистрибуирала меѓу илегалните мигранти низ цела Европа, заедно со украдени и изгубени документи. Во Париз се откриени две печатници, а при рацијата во четири куќи уапсени се три лица осомничени за фалсификување документи, се вели во соопштението на Европол. Во изминатите два дена, француските гранични полицајци извршиле рација во четири куќи и уапсиле три лица осомничени за фалсификување документи. За време на рацијата, одземена е и опрема за правење лажни документи, како и 16 фалсификувани лични карти на Белгија, Шпанија и Италија, фотографии за документи од клиенти и фалсификувани документи на обвинетите. Криминалната група, која ја сочинуваат луѓе од Алжир кои живеат во Париз и Марсеј, била активна од минатата година. јт/

Остани поврзан