• четврток, 26 декември 2024

Во Франција левичарската коалиција најмногу мандати, Националниот собир на трето место

Во Франција левичарската коалиција најмногу мандати, Националниот собир на трето место

Париз, 8 јули 2024 (МИА) - Според прелиминарните резултати од вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, што рано утринава ги објави француското Министерство за внатрешни работи, левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) освои 182 места во националното собрание, објави Монд.

Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно, освои, според тие податоци, 168 пратенички места, а на трето место е крајнодесничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен со 143 освоени пратенички места.

Либерално-конзервативната партија Републиканците освоија 45 пратенички места, десничарската коалиција 15, левиот блок 13, а регионалистите четири пратенички места. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан