• среда, 25 декември 2024

Во Филхармонија се одржа концерт посветен на 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Хрватска

Во Филхармонија се одржа концерт посветен на 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Хрватска
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на 30-годишнината од воспоставување на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Хрватска, вечерва во Филхармонија се одржа концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија. Настанот беше отворен со изведба на македонската и хрватската државна химна, по што се обратија двајцата министри за надворешни работи, Бујар Османи и Гордан Грлиќ Радман. - Годините се само бројка, тоа се три декади одбележани со доверба но и со политичко, економска и културна соработка. Три декади со кои нашите две земји се соочуваат со слични предизвици да обезбедат пристојна иднина за своите граѓани. Европските и евроатлантските интеграции се во сржта на развојот и на двете земји. Оттука не само што нам ни е потребно туку за нас се и очекувана силната и недвосмислена поддршка на Хрватска што во континуитет ја изразува за нашата европска и евроатлантска перспектива, истакна Османи во своето обраќање. Тој додаде дека кога се гради искрено и трајно пријателство на здрава и цврста основа тоа е пријателство што се надградува и расте постојано. Хрватскиот министер Радман посочи дека со Османи секогаш имаат одлична соработка, на сите средби, а особено на средбите поврзани со НАТО, како стратешки сојузници на НАТО Алијансата. Настанот продолжи со настап на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија. ки/дма/    

Остани поврзан