• среда, 25 декември 2024

Во февруари зголемен бројот на туристи во однос на истиот период лани

Во февруари зголемен бројот на туристи во однос на истиот период лани

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9 проценти во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевања за 7,7 проценти, покажуваат статистичките податоци.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари имало 44 224 туристи од кои 61 процент биле странски туристи, а 39 проценти домашни туристи. Регистрирани се 89.362 ноќевања од кои 55,3 проценти биле ноќевања од странски туристи, а 44.7 проценти од домашни туристи.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период минатата година, бројот на туристи е зголемен за девет проценти, а бројот на ноќевања за 11,6 проценти. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан