• среда, 18 декември 2024

Во училиштата во општина Карпош грејната сезона ќе почне од 1 ноември, од АД ЕСМ велат дека е на барање на Општината

Во училиштата во општина Карпош грејната сезона ќе почне од 1 ноември, од АД ЕСМ велат дека е на барање на Општината

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Од утре почнува грејната сезона, но во основните училишта во општина Карпош испораката на топлинска енергија ќе почне од 1 ноември. Ова, како што информираат од АД ЕСМ, е на барање на Општината.

Пред почетокот на грејната сезона во 117 објекти сè уште не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, од кои 25 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 23 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица, а 69 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.

- Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација. Потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на листата на моментално затворени објекти кои немаат услови за испорака на топлинска енергија. Оваа листа е достапна на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (https://esm-snabduvanje.mk/?page_id=1348), истакнуваат од АД ЕСМ.

За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. бак/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан