Во Уставниот суд на Германија поднесени повеќе тужби против планот за државниот долг
- Во Уставниот суд на Германија се поднесени повеќе тужби од пратеници против плановите на новоизбраниот канцелар Фридрих Мерц оваа недела парламентот да гласа за големото зголемување на државниот долг.

Берлин, 17 март 2025 (МИА) - Во Уставниот суд на Германија се поднесени повеќе тужби од пратеници против плановите на новоизбраниот канцелар Фридрих Мерц оваа недела парламентот да гласа за големото зголемување на државниот долг.
Портпаролот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија изјави дека поднел тужба за да го запре планираното гласање бидејќи парламентарната комисија за буџет нема да ги слушне мислењата на надворешните експерти пред пратениците да гласаат.
Независната пратеничка Џоана Котар рече дека поднела тужба и за откажување на гласањето, додека тројца пратеници од Слободната демократска партија рекоа дека планираат да поднесат тужби за да се изјаснат дека нема доволно време за консултации во врска со државниот долг, јави ДПА.
Во петокот, Мерц доби клучна поддршка од Зелените за реформата на долгот, отворајќи го патот за негово одобрување во парламентот оваа недела.
Уставниот суд, кој претходно ги отфрли ги отфрли тужбите против решението, засега не се изјасни по ова прашање. паг/