Во услови на насилство, Хаити одобрува вонреден буџет за безбедност и социјална поддршка
- Според соопштението на Советот, средствата ќе бидат наменети за зајакнување на безбедносните сили, заштита на границите и поддршка на социјалните програми

Порт-о-Пренс, 15 април 2025 (МИА) – Преодниот претседателски совет на Хаити го одобри т.н. „военовременски буџет“ во вредност од 36 милијарди гурди (275,86 милиони американски долари) за да одговори на вонредната состојба во безбедносната и социјалната сфера, во услови кога вооружени банди имаат преземено контрола врз речиси целата престолнина и околните подрачја.
Според соопштението на Советот, средствата ќе бидат наменети за зајакнување на безбедносните сили, заштита на границите и поддршка на социјалните програми. ссм/
фото: архива