• сабота, 23 ноември 2024

Во Унгарија запленета лажна брендирана облека вредна 4,3 милиони евра

Во Унгарија запленета лажна брендирана облека вредна 4,3 милиони евра
Будимпешта, 19 октомври 2020 (МИА) - Претставници на Унгарската национална даночна и царинска управа (НАВ) запленија лажна брендирана облека во вредност од над 1,5 милијарди форинти (4,3 милиони евра) во камион со турски регистарски таблички на автопатот М43 во јужна Унгарија, соопшти НАВ. При претрес на камионот, полицајците пронашле повеќе од 10.000 парчиња брендирана облека и додатоци, изјави портпарол на НАВ. Како што пренесе агенцијата МТИ, возачот не можел да го докаже потеклото на пратката и врз основа на прелиминарно вештачење, утврдено е дека целата облека и додатоци се лажни. Полицајците ја заплениле пратката и доставиле извештај до финансиските инспектори на НАВ за кршење на законот за заштита на трговска марка. паг/

Остани поврзан