• среда, 25 декември 2024

Во Украина месечно се регрутираат околу 6.500 доброволци, соопшти Министерството за одбрана

Во Украина месечно се регрутираат околу 6.500 доброволци, соопшти Министерството за одбрана

Киев, 21 септември 2024 (МИА) - Министерството за одбрана (МО) на Украина објави дека месечно се регрутираат просечно 6.500 доброволци низ целата земја.

-Во моментов за Украинците се отворени 10.000 слободни работни места во вооружените сили, соопшти МО на Украина.

Како што се додава, доброволци може да се регрутираат во сите структури на вооружените сили - Националната гарда, Службата за безбедност на Украина, Државната гранична служба итн.

-Показателите за регрутирање во вооружените сили од месец во месец се зголемуваат. Во земјава во просек месечно се регрутираат по 6,5 илјади доброволци. Над 10.000 слободни работни места се достапни за граѓаните: готвачи, мајстори, адвокати, оператори со дронови, лекари итн. “, изјави овластениот претставник на Министерството за одбрана за регрутирање, Алексиј Безевец.

На 11 јуни, Министерството за одбрана отвори веб-страница за огласување слободни работни места во Армијата на Украина, нудејќи голем број позиции. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан