• четврток, 26 декември 2024

Во угостителските објекти во Чешка само со ковид пропусници

Во угостителските објекти во Чешка само со ковид пропусници
Прага, 1 ноември 2021 (МИА) - Во кафулињата и баровите во Чешка од денеска можат да влезат само лицата кои се вакцинирани, прележале Ковид-19 или имаат негативен тест. Чешката Влада им се закани на угостителите со ригорозни казни ако не ги проверуваат гостите. Дел од угостителите наведоа дека Владата ја префрла одговорноста за борба против пандемијата на претприемачите, кои веќе се погодени од кризата. Тестовите за Ковид-19 од денеска веќе не се бесплатни во Чешка, каде 57 отсто од населението е целосно вакцинирано, што е многу помал процент од другите земји-членки на Европска Унија. ми/  

Остани поврзан