• вторник, 24 декември 2024

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата
Кампала, 25 септември 2022 (МИА) – Министерството за здравство на Уганда денеска соопшти дека од вторникот, кога во земјата беше прогласена епидемијата на ебола, 16 лица се заразени со вирусот на хеморагична треска. Властите во петокот соопштија дека четири лица починале од ебола за три дена, додавајќи дека епидемијата ја зафатила централна Уганда. - Засега нема потврдени случаи на инфекција во главниот град, додаде Министерството. Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго. Вирусот ебола може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест. јт/

Остани поврзан