• недела, 24 ноември 2024

Во Турција уапсени седум осудени лица кои се обиделе да побегнат во Грција

Во Турција уапсени седум осудени лица кои се обиделе да побегнат во Грција
Анкара, 19 септември 2022 (МИА) - Турските безбедносни сили уапсија седум лица осудени за поврзаност со таканаречената ФЕТО организација, кои се обиделе да побегнат во Грција со моторен чамец од западниот округ на Измир. Заедно со нив, уапсени се и четворица организатори на бегството. Според Анкара, организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, е одговорна за обидот за воен удар во Турција во јули 2016 година. За официјална Анкара, Движењето на Ѓулен, ФЕТО е терористичка организација. бд/ми/

Остани поврзан