• сабота, 23 ноември 2024

Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам

Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам

Истанбул, 4 ноември 2024 (МИА) – Тројца градоначалници од Народната партија за еднаквост и демократија, главната турска прокурдска партија, се сменети од функциите затоа што биле обвинети за тероризам, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Градоначалниците на Мардин, Батман и Хелфети, во југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди, се сменети со гувернери назначени од државата, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Мардин, Ахмет Турк (82), популарна личност во курдското движење, претходно беше сменет од функцијата и во претходните мандати помина неколку месеци во затвор. Турската влада го обвинува за врски со борците од Работничката партија на Курдистан (ПКК), која е означена како терористичка организација.

Турк и уште двајца прокурдски градоначалници беа избрани за време на локалните избори во март, кои завршија со победа на опозицијата и пораз на владејачката Партија на правдата и развојот. јт/

Остани поврзан