• среда, 27 ноември 2024

Во Турција од 1 јули зголемување на дозволената брзина на возење на автопатите до 140 километри на час

Во Турција од 1 јули зголемување на дозволената брзина на возење на автопатите до 140 километри на час
Анкара, 2 јуни 2022 (МИА) - Во Турција од 1 јули ќе биде зголемена максималната брзина на возење по автопатите, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Од 1 јули возачите ќе можат да ја подигнат брзината на возење до 130 километри на час по автопатот Едрене- Шанлиурфа, а по други автопати меѓу кои Кузеј-Мармара, Истанбул-Измир, Анкара-Нигде до 140 километри на час, јави Си-Ен-Ен-Турк. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу минатиот месец објави дека од 1 јули во Турција ќе биде зголемена максималната брзина на движење по автопатите. Во моментов максималната дозволена брзина е 120 километри на час. ац/
 

Остани поврзан