• четврток, 26 декември 2024

Во Туркменистан на 12 март ќе се одржат предвремени претседателски избори

Во Туркменистан на 12 март ќе се одржат предвремени претседателски избори
Ашгабат, 12 февруари 2022 (МИА) - Долниот дом на туркменистанскиот Парламент усвои резолуција за одржување на предвремени претседателски избори на 12 март. Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов вчера во Горниот дом на Парламентот изјави дека донел „тешка одлука“ и оти е подготвен да ја препушти власта на новата генерација. Неговата изјава дека земјата треба да ја водат млади луѓе сугерира дека на местото на Бердимухамедов ќе дојде неговиот син Сердар. Сердар Бердимухамедов досега извршуваше повеќе владини функции, а сега е заменик-претседател на Владата на Туркменистан. ми/

Остани поврзан